Познато е колку трае имунитетот од „Спутник V“ и дали е потребна трета доза

Рускиот министер за здравство Михаил Мурашко претходно изјави дека Министерството за здравство има развиено пристап кон ревакцинација на населението.

986

Експертот во Рускиот национален институт за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, Владимир Гушчин, изјави дека вакцината против коронавирусот развиена од Институтот, „Спутник V“, обезбедува заштита од коронавирусот за шест месеци.

– Имаме доволно податоци кои покажуваат дека имунитетот е дефинитивно зачуван во рок од шест месеци, па затоа би било добро да се изврши ревакцинација за таа да биде обновена – рече Гушчин.






Рускиот министер за здравство Михаил Мурашко претходно изјави дека Министерството за здравство има развиено пристап кон ревакцинација на населението и дека тоа треба да биде на секои шест месеци за време на пикот на епидемискиот бран, а ако не е пикот – еднаш годишно.

 

Поврзани содржини