Познато е кои граѓани со хронични заболувања ќе бидат приоритетни за вакцинација
Фајзеровата вакцина е една од најефикасните, претпазливост треба да имаат оние кои претходно имале развиено алергиска реакција на други лекови и оние со автоимуни болести - рече Грозданова.
Најголемата група на хронично болни кои ќе имаат приоритет за вакцинација се дијабет, хипертенизија, кардиоваскуларни заболувања, пулмоларни заболувања, информираше претседателката на Комитетот за имунизација, Александра Грозданова.
– Препазливост треба да се има кај пациенти кои имаат алергиски реакции, автоимуни болести и кај тие пациенти треба да се направи консулатација со специјалист. Фајзеровата вакцина е една од најефикасните, претпазливост треба да имаат оние кои претходно имале развиено алергиска реакција на други лекови и оние со автоимуни болести. Веќе милионски дози од оваа вакцина беа дадени, и процентот на несакани реакции е минимален и вакцините се безбедни. Што се однесува до АстраЗенека, таа даде помали резултати кај повозарсните лица, но не од безбедносен аспект, туку во однос на заштита – рече Грозданова.