ПОЗНАТО Е КАЈ ЌЕ ИГРА МЕСИ Лапорта го откри новиот клуб на Аргентинецот (ВИДЕО)

Парижаните со раширени раце го чекаат Меси, кој по сезона ќе добива околу 40 милиони евра заедно со бонуси, додека во четврток се очекува неговото официјално претставување во францускиот гигант.

1,391

Лионел Меси денеска од 12 часот ќе се појави на прес-конференција за новинарите за да се збогува со Барселона, а потоа најверојатно ќе потпише за ПСЖ.

Во текот на состанокот кој го имаа претседателите на Реал Мадрид, Флорентино Перез и Јувентус, Андреа Ањели заедно со првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта, еден навивач се сликаше со претседателот на Каталонците, а притоа откри каде ќе игра Меси.






– Би било одлично да е уште тука, но тоа не беше можно. Го направив тоа што можев. Меси ќе игра за ПСЖ – откри Лапорта.

Парижаните со раширени раце го чекаат Меси, кој по сезона ќе добива околу 40 милиони евра заедно со бонуси, додека во четврток се очекува неговото официјално претставување во францускиот гигант.

 

Поврзани содржини