ПОЗНАТИОТ РОКЕР ГИ ВОЗНЕМИРИ ФАНОВИТЕ Ѓорѓе Давид заврши во болница
Рехабилитација толку неопходна! - напиша рокерот на Инстаграм, откако помина на терапија со кислород, па на неговите следбеници им олесни.
Пејачот Ѓорѓе Давид ги загрижи своите обожаватели кога на социјалните мрежи објави фотографија од клиника, на која се гледа дека има канила.
Се крена голема прашина, бидејќи е познато дека тој го прележал коронавирусот и многумина мислеа дека неговата состојба се влошила. Многумина беа загрижени за неговата здравствена состојба, па во коментарите го испрашуваа што се случило.
– Рехабилитација толку неопходна! – напиша рокерот на Инстаграм, откако помина на терапија со кислород, па на неговите следбеници им олесни.