ПОЗНАТИОТ ПЕЈАЧ ПОВТОРНО ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА Пред три недели имаше операција на срцето
Пејачот на групата „Вонтед“ (The Wanted) Макс Џорџ, се врати во болница поради страв од вградениот пејсмејкер по неодамнешната операција на срцето.
Пејачот на групата „Вонтед“ (The Wanted) Макс Џорџ, се врати во болница поради страв од вградениот пејсмејкер по неодамнешната операција на срцето.
Пејачот им рекол на обожавателите дека чувствува чудно „чукање“ во градите откако беше подложен на итна операција.
View this post on Instagram
Ова се случува само неколку дена откако 36-годишниот пејач беше пуштен од болница откако претрпе блокада на срцето.
Макс во новата видеоснимка рекол: „Во болница сум на уште една контрола затоа што го чувствувам ова чукање на левата страна од градниот кош“.
Барајќи совет од оние кои исто така имаат пејсмејкер, Макс рекол: „Лекарите не се сосема сигурни зошто се случува ова“.
„Можеби тоа е некој нерв што го допира и можеби ќе исчезне со текот на времето, или можеби ќе мора малку да ги поместат жиците. Во моментов само истражувам, бидејќи ова се појави сосема ненадејно и не знам нешто за пејсмејкерите. Секоја информација би ми значела“, рекол музичарот.
View this post on Instagram
Макс, кој четири години апстинирал поради претходните проблеми со црниот дроб, забележал срцевиот ритам драстично му опаднал на почетокот на овој месец.
Состојбата била дијагностицирана како блокада, а по една недела без подобрување, му била извршена итна операција и вградување на пејсмејкер, пренесува „Сан“.