Познатиот доктор Хилари открива 8 чекори за најдобра заштита од коронавирусот
Тој во интервју за „Express“ вели дека ако секој човек се придржува до неговите совети, тогаш ризикот од заразата ќе биде сведен на минимум.
Британскиот доктор Хилари Џонс ги открива осумте клучни чекори за заштита од коронавирусот во изолација. Тој во интервју за „Express“ вели дека ако секој човек се придржува до неговите совети, тогаш ризикот од заразата ќе биде сведен на минимум.
Поддршката сега е најважна за човекот, бидејќи таа може да ја зајакне психата.
Прв и најважен совет според д-р Хилари е користењето личен прибор за јадење. Тој вели дека секој би требало да има своја чаша, свој нож, своја вилушка и своја чинија, и овие работи да не ги дели со останатите членови на семеството. Џонс додава дека чиниите треба редовно да се мијат со топла вода, а по можност и во машина за миење садови, бидејќи таа со сигурност ги уништува вирусите.
Вториот совет на д-р Хилари е секој човек да ги брише со средство за дезинфекција површините кои ги допира и тоа да го прави неколку пати во денот или, пак, секогаш кога ќе влезе во домот од надвор.
За пешкирите и постелнините вели дека треба да се перат на температура од најмалку 60 степени, а исто така додава дека секој човек треба да си има личен пешкир.
Уште еден негов совет е ѓубрето од домот да се исфрла што почесто, бидејќи, како што тврди, коронавирусот може да се задржи во ѓубрето и до неколку часа.
За облеката и за обувките вели дека треба да се перат веднаш откако со нив сте шетале надвор, а исто така советува контактите со семејството и со пријателите да ги одржувате преку телефон или преку интернет.
Последен, а не помалку важен совет од д-р Хилари е поддршката. Тој вели дека токму поддршката сега е најважна за човекот, бидејќи таа може да ја зајакне психата и да помогне да го пребродиме овој тежок период.