ПОЗНАТИОТ АКТЕР СЕ ОЖЕНИ СО ВРСНИЧКА НА СВОЈАТА ЌЕРКА И ПРЕЖИВЕА КАНЦЕР Долф Лундгрен не ја крие својата среќа со сопругата Ема Крокдал
Легендарниот акционен херој Долф Лундгрен (68) не ја крие својата среќа со сопругата Ема Крокдал (30). Додека двојката се справува со критики поради големата разлика во годините, актерот нагласува дека таа му била најголема поддршка во тешката битка со ракот
Шведскиот актер Долф Лундгрен (68), кој во светот остана запаметен со улогите на акциони херои како што е Иван Драго во филмската серија „Роки“, а во својата седма деценија од животот, привлекува внимание каде и да се појави.
Сепак, во последните години, јавноста не го споменува само поради неговата платинеста коса и светли очи, туку и поради неговиот брак со 38-години помладата фитнес инструкторка Ема Крокдал (30).
Многумина ја критикуваат нивната разлика во годините, пишувајќи дека изгледаат како „дедо и внука“, но тие ги игнорираат таквите навреди, нагласувајќи дека нивната заедничка среќа е најважната работа за нив.
View this post on Instagram
Нивната љубовна приказна започнала сосема случајно во 2019 година во теретана во Западен Холивуд, каде што Ема работела како тренер.
Во тоа време, Норвежанката немала поим дека маркантниот маж што го тренира е светски позната филмска ѕвезда. Хемијата била посилна од сè, а актерот подоцна признал дека Ема е „многу зрела за своите години“, што било клучно за нивната врска. Тие се верија во јуни 2020 година во Шведска, но свадбата мораше да се одложи поради пандемијата и здравствените проблеми на Лундгрен. Конечно го кажаа своето судбоносно „да“ на 13 јули 2023 година, на интимна церемонија во нивната вила на грчкиот остров Миконос.