Познатиот актер објави откачена фотографија и тврди дека не полудел (ФОТО)
Хопкинс е во строг карантин веќе 5 месеци, затоа што спаѓа во најзагрозената категорија.
Холивудската и светска актерска легенда, сер Ентони Хопкинс, на Твитер објави нова фотографија и ја разбранува јавноста со безброј коментари.
Тој е многу активен на социјалните мрежи и често ги развеселува фановите со необични видеа, но овојпат решил да сподели необична селфи фотографија.
Актерот под фотографијата напишал: „Веќе 170 дена поминати во карантин, мислам дека сè уште не сум полудел“.
Хопкинс е во строг карантин веќе 5 месеци, затоа што спаѓа во најзагрозената категорија.
Ентони има82 години и понатаму не планира да го напушти својот дом во Калифорнија, затоа што се забавува на различни начини.
170 days in quarantine and I think I’m still sane 🤪 pic.twitter.com/FEimTodHNN
— Anthony Hopkins (@AnthonyHopkins) August 26, 2020