🎥 ПОЗНАТИ ЛИЦА ГО ПОДДРЖАА ЛАБУДОВИЌ Ги повикаа граѓаните да бидат дел од промените во Центар
Угледни лекари, познати спортисти и спортски тренери, угостители и други јавни личности искажаа јавна поддршка на кандидатурата на Мирослав Лабудовиќ за градоначалник на Центар, спроти гласањето во вториот круг што ќе се одржи в недела на 2 ноември. Неподелено сите, го оквалификуваа како вистински човек за позицијата – градоначалник на централната скопска општина.
– Центарци знаат. Потребни се системски решенија и јасна визија. Миро е човекот што ќе донесе промени – рече универзитетската професорка од Клиниката за психијатрија Славица Арсова – Хаџи Анѓелковска.
Нејзиниот колега, хирург ортопед, професорот Јасмин Циривири додаде: Како доктор знам дека секоја промена бара дисциплина и посветеност, а Мирослав ги има и двете.
Угостителот Мире Јанев, познат како Миро Плеј, го окарактеризира Лабудовиќ како човек со карактер и збор.
– Таквите луѓе денеска ретко се наоѓаат. Да ги поддржиме и да бидеме дел од убавите промени во Центар – рече тој.
Селекторот на најуспешната генерација на македонската кошаркарска репрезентација Марин Докузовски во свој стил вели:
– Во спортот е најважно да се игра фер. Затоа го поддржувам Миро – чесен, истраен и човек што игра за тимот, а не за себе.
Со него се согласува и друг познат поранешен спортист, кошаркарот Ѓорѓи Чековски, кој беше дел од таа репрезентација што во 2011 го освои четвртото место на Европското првенство, а што ја предводеше токму Докузовски.
– Во животот, како и во спортот победуваат тие што играат чесно и со срце. И, токму затоа е мојат поддршка за Лабудовиќ – вели тој.
Време е, велат сите, во Центар да дојде човек што работи за сите, а не само за одбрани кругови. Човек кој има чисти намери и јасни цели. И, токму затоа нивната поддршка не е само за личност, туку за подобра, поуредена, порганизирана и посреќна општина Центар.
Кон ваквите пораки со подршка се приклучуваат секојдневно и сѐ поголем број граѓани. Сакаат, како што велат, Центар да биде нивна гордост, да биде пример за општина во државата. А, за тоа треба да се преземе и одговорност, не само да се биде нем набљудувач. Одговорноста, додаваат ќе ја преземат со тоа што на 2 ноември ќе се излезат што помасовно и ќе го заокружат бројот 2 за Центар каков сите го заслужуваат.