ПОЗНАТА УКРАИНСКА АКТЕРКА ЗАГИНА ВО РАКЕТЕН НАПАД Оксана Швец го зaгуби животот во Киев
При ракетирање на станбена зграда во Киев, загина почесната уметничка на Украина Оксана Швец, пишува во соопштението.
Украинската актерка Оксана Швец е убиена во руски ракетен напад врз станбена зграда во Киев, објави „Млад театар“, чиј долгогодишен член била.
Швец (67), пишува „Дедлајн“, со децении работела во театар и филм, а нејзиниот талент и труд ѝ го донеле едно од највисоките украински признанија, како што е „Почесен уметник на Украина“, кое се доделува на најуспешните уметници во Украина.
Во своето соопштение „Млад театар“ изрази „ненадоместлива тага“ поради смртта на актерката.
– При ракетирање на станбена зграда во Киев, загина почесната уметничка на Украина Оксана Швец – пишува во соопштението.
Швец е родена на 10 февруари 1955 година. Дипломирала на театарското студио на театарот Иван Франко и на Државниот институт за театарска уметност во Киев. Покрај работата во „Млад театар“, Шветс настапувала во Тернопилскиот музички -драмски театар и во Киевскиот театар на сатира.
Нејзината смрт беше потврдена од „Киев пост“ на англиски јазик.
The actress of the Young Theatre Oksana Shvets has been murdered in Kyiv during the war. pic.twitter.com/Rp3DcgSbge
— KyivPost (@KyivPost) March 17, 2022
ФОТО: Твитер/Фејсбук