Српската пејачка Славица Ќуктераш е позитивна на коронавирус, дознава српски „Aло“.
Славица неколку дена не се чуствувала добро, па решила да се тестира за ковид-19. Тестот покажал дека е позитвна.
„Ало“ го контактирал ПР-тимот на Ќуктераш за да ја потврдат оваа информација.
-Точно е, Славица е позитивна на коронавирусот. Ги презема сите потребни мерки, а моментално секојдневно прима инфузии бидејќи не се чуствува најдобро. Секако, се надеваме дека сѐ ќе се врати во најдобар ред набрзо и дека ќе се врати на работа поподготвена од кога и да – порачале од ПР-службата на пејачката за „Ало“.
FOTO: Instagram