ПОЗНАТАТА ПЕЈАЧКА ПРЕТЕРАЛА СО ЕСТЕТСКИТЕ ЗАФАТИ Дали е тоа навистина таа? (ФОТО)
Популарната пејачка, која може да се пофали со 30-годишна успешна кариера, предизвика бројни реакции со своето појавување во емисијата каде најмногу зборувала за хит ТВ-натпреварот „Гласот“.
„Дали е тоа навистина таа?“, пишува во коментарот под снимката од гостувањето на пејачката Гвен Стефани во шоуто на Сет Мејерс.
Популарната пејачка, која може да се пофали со 30-годишна успешна кариера, предизвика бројни реакции со своето појавување во емисијата каде најмногу зборувала за хит ТВ-натпреварот „Гласот“. Но, судејќи според коментарите на интернет, гледачите сакале да зборува за својата неверојатна трансформација.
View this post on Instagram
„Таа е буквално непрепознатлива“, гласел еден од најпопуларните коментари за изгледот на 52-годишната пејачка.
„Сега изгледа сосема поинаку“, пишува во коментарот подолу.
„Цел живот сум нејзин обожавател и не ја препознав. Толку сум збунет“, додал еден коментатор.
„Никогаш немаше да погодам дека ова е Гвен Стефани, да не го напишеа“, се редат коментарите.
View this post on Instagram
Вечно младешкиот изглед на Стефани беше предмет на многу шпекулации низ годините, но ѕвездата никогаш јавно не проговори за ниту една естетска операција. Кога гостуваше во познатиот сегмент „Carpool Karaoke“ во 2016 година, водителот Џејмс Корден ја праша како точно „старее наназад“, но таа тоа го препиша на врската со нејзиниот сегашен сопруг Блејк Шелтон.
За потсетување, Стефани еволуираше од пејачката на ска-поп групата „No Doubt“ во деведесеттите во икона на популарната култура која започна соло кариера во 2004 година и на крајот лансираше сопствена линија на мода и шминка.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм