Познатата пејачка е првата жена која ја следат 200 милиони луѓе на Инстаграм

27-годишната пејачка минатиот викенд ја мина границата од 200 милиони и со тоа стана првата жена што некогаш може да се пофали со толку голем број следбеници.

814

Пејачката Аријана Гранде е првата жена која собра 200 милиони следбеници на социјалната мрежа Инстаграм.

27-годишната пејачка минатиот викенд ја мина границата од 200 милиони и со тоа стана првата жена што некогаш може да се пофали со толку голем број следбеници.

 






Веднаш зад неа според бројот на следбеници се Кајли Џенер со 193 милиони, а на трето место е Селена Гомез која е следена од 190 милиони луѓе.

На Аријана Гранде меѓу првите кои и го честитаа успехот беше Лејди Гага (која има многу поскромни 43,4 милиони следбеници) објавувајќи на Инстаграм.

 

– Честитки за мојата пријателка Аријана Гранде за 200 милиони следбеници. Ти си кралица. Носи ја таа круна – и рече Гага.

Патем, првиот човек кој собра импресивни 200 милиони следбеници е фудбалската суперѕвезда Кристијано Роналдо, кој ја достигна таа бројка во јануари оваа година. Во моментов Роналдо е следен од 237 милиони луѓе.

Поврзани содржини