Со месеци странските медиуми објавуваат фотографии од некогаш убавата манекенка Лони Вилсон.
Последните години Лони живее како бездомничка на улиците во Лос Анџелес. Нејзините најнови фотографии ја растажија јавноста.
Поранешната сопруга на американскиот актер и пејач Џереми Џексон (40), Лони Вилисон (38) порано беше модел кој уживаше во луксуз, а по разводот исчезна и по две години беше пронајдена како бездомник, која живее на улица и се храни од контејнери. Некогаш убавата Лони сега изгледа непрепознатливо.
Лони во претходно интервју за „Сан“ призна дека „заглавила“ во животот и дека завршила на улица откако доживеала нервен слом.
Уште една поранешна девојка на Џереми, Синди Конвас за британскиот таблоид коментирала дека актерот одбил да ѝ помогне на поранешната сопруга откако се развеле во 2014 година.
„Многу е тажно тоа што ѝ се случи на Лони и што никогаш не доби помош која што ѝ беше потребна“, изјавила Синди и додала дека се згрозила од начинот на кој што Џексон се однесувал кон неа.
Инаку, поранешната манекенка со Џереми била во брак од 2012 година до 2014 година, а потоа во 2018 година исчезнала кога нејзините пријатели се обиделе да ја наговорат да оди во клиника за одвикнување за да ги реши своите ментални проблеми и зависноста со користење на дрога. Нејзиниот брак пропаднал по низа расправии под влијание на алкохол.
Американските папараци повторно ја фатија непрепознатливата поранешна убавица како копа во контејнери со отпадок.
Иако некои нејзини пријатели покренаа акција за собирање пари за да ѝ се помогне на Лони, таа тоа го одбила.
– Не сакам да зборувам со своите пријатели, добра сум. Не сакам никој да ми помогне. Можам сама да се снајдам, имам се што ми треба тука. Немам мобилен телефон. Имам храна и место за спиење. Тука-таму наоѓам пари понекогаш, а во контејнерите во близина на маркетите има многу храна Има многу работи тука – изјавила Лони минатата година за „Сан“.
Baywatch star Jeremy Jackson’s homeless ex-wife Loni Willison spotted digging through trash on the streets of LA – https://t.co/Re3EQgUcST pic.twitter.com/oQr84cgDG1
— Onome Igugu (@TSBnewsnigeria) January 19, 2021
what the hell is going on, nothing is perfect in this life Loni Willison 😔🙏 pic.twitter.com/dEuHkujGtU
— jhon (@kevin20141998) October 19, 2020