ПОЗНАТАТА АКТЕРКА ПРИЗНА ДЕКА НА 39 ГОДИНИ СЀ УШТЕ Е ДЕВИЦА Не сака да има секс пред брак

Ивон пред неколку години открила зошто сите овие години апстинирала од секс.

652

Актерката и комичарка Ивон Орџи (39), најпозната по улогата на Моли Картер во серијата „Несигруни“ (Insecure) на ХБО, во подкастот „Драга Челзи“ откри дека сè уште е девица. Дел од интервјуто објавено на  Инстаграм профилот на водителката Челзи Хендлер го прикажува нивниот разговор на оваа тема.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Yvonne Orji (@yvonneorji)







На прашањето дали е сè уште девица, актерката одговара дека е.

„Ова е најоригиналниот гостин што некогаш сме го имале“, вели Челзи низ смеа, а потоа ја прашува Ивон колку години има. „О Боже, таа брана ќе се скрши еден ден“, коментира водителката.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chelsea Handler (@chelseahandler)


Ивон пред неколку години открила зошто сите овие години апстинирала од секс. Рекла дека не сака да го крие девствениот статус само затоа што е на телевизија и дека одлучила да нема секс пред брак. Таа вели дека многу луѓе ја прашуваат за тоа.

„Луѓето прашуваат за тоа, затоа што се љубопитни или можеби не разбираат. Како ќе ја разберат вистината ако јас не зборувам отворено за таа тема ? Секој измислува своја констатација“, изјавила таа.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Yvonne Orji (@yvonneorji)


Последниот човек со кој беше јавно поврзана беше Емануел Ачо, поранешна фудбалска ѕвезда и спортски коментатор. Двајцата објавија дека се забавуваат во 2018, но веќе во 2019 година ја раскинаа врската.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини