ПОЗНАТА ПРИЧИНАТА ЗА СМРТТА НА ПОЗНАТИОТ АКТЕР Безживотното тело на Ленс Редик беше пронајдено во неговиот дом

Познатиот телевизиски и филмски актер Ленс Редик, ѕвезда на сериите „Жица“ и „Фринџ“, како и на четири филмови од франшизата „Џон Вик“, почина во март во Лос Анџелес на 61-годишна возраст.

1,809
Причина за смртта на актерот Ленс Редик е срцева болест, јавуваат светските медиуми. Познатиот телевизиски и филмски актер Ленс Редик, ѕвезда на сериите „Жица“ и „Фринџ“, како и на четири филмови од франшизата „Џон Вик“, почина во март во Лос Анџелес на 61-годишна возраст.

Причината за смртта беше откриена речиси еден месец подоцна. Актерот имал проблеми со срцето.

Понатаму, причината за смртта е исхемична срцева болест и атеросклеротична болест на коронарните артерии.

Безживотното тело на Редик беше пронајдено во неговиот дом во Калифорнија во утринските часови, на 17 март и првично беше објавено дека починал од природна смрт, што подоцна беше потврдено.

Познатиот актер беше кремиран по негово барање.

Поврзани содржини