Позната лекарка советува: Професионална грешка е да давате антибиотици против вируси

1,371

Користењето антибиотици за вируси е професионална грешка. Тие се користат во бактериски инфекции. Постои одредена количина на антивирусни лекови, но само за хронични вирусни инфекции, како што се хепатитис Б, Ц, ХИВ, порачува Нада Куљиќ Капулица, позната докторка од Србија, поранешна раководителка на Институтот за микробиологија и вирусологија при Воено-медицинската академија во Белград.

Таа, како што пренесуваат српските медиуми, утрово на ТВ открила што може да го стави под контрола опасниот коронавирус.






– Постојат две стратегии – или да стапиме во контакт со вирусот, но тоа може да чини живот на некои пациенти или вештачки да создаде имунитет, бидејќи се додека не се создаде огромен колективен имунитет од околу 70 проценти, ние нема да го контролираме овој вирус и ќе се шири непречено – рече д-р Куљиќ.

Вакцината на „Фајзер“ е една од поновите вирусни вакцини, која ги користи најновите технологии во молекуларната медицина, генетиката и нанотехнологијата, додава лекарката.

– Овие вакцини сега се користат за прв пат во светот. Бидејќи медицината напредуваше неверојатно многу, благодарение на новото знаење и новите технологии, очекуваме дека овие последни генерации на вакцини ќе бидат сигурен одговор. Нашите научници исто така истакнаа дека по девет месеци, стапката на инфекција кај населението е околу 20 проценти – вели д-р Куљиќ.

Таа изјави дека целата нација не мора да прима вакцина, бидејќи еден дел од нацијата ќе стекне иммунитет природно.

– Сега се тврди дека вкупниот имунитет на нашето население треба да биде 70 проценти, и тогаш ќе бидеме безбедни – рече д-р Капулица.

Поврзани содржини