ПОЗНАТА АКТЕРКА ПРОГОВОРИ ЗА ПРОСТИТУЦИЈАТА „Легнуваш како вреќа компири и ги затвораш очите“
Познатата руска актерка и ТВ-водителка Дана Борисова си ја отворила душата во емисијата „Аљона Блин“, зборувајќи за најтемниот период од својот живот.
Познатата руска актерка и ТВ-водителка Дана Борисова си ја отворила душата во емисијата „Аљона Блин“, зборувајќи за најтемниот период од својот живот.
Без разубавување, таа ги сподели мачните искуства од својата борба со наркотиците, која ја довела на работ на опстанокот – и буквално и емоционално.
Во моментите кога била целосно подложна на влијанието на дрогата, Борисова се соочила со екстремна сиромаштија. Тогаш почнала да се занимава со проституција.
„Тоа се случи три или четири пати додека бев на дрога. Немав пари, па морав да ја однесам Полина (нејзината ќерка) кај нејзиниот татко“, раскажала таа без двоумење.
„Се обидував да легнам како вреќа компири. Легнуваш, ги затвораш очите и го прифаќаш тоа. Тоа е сè“, додала таа за проституцијата, не криејќи колку била тешка и понижувачка ситуацијата.
Сепак, денес Борисова истакнува дека ги оставила зависностите зад себе и е одлучна никогаш да не се врати на тој пат.
„Горчливо е кога сте трезни“, признала таа, осврнувајќи се на искуствата од принудниот секс за пари.
Траумите од тој период оставиле длабоки последици – толку многу што не можела да има интимна врска со маж повеќе од две години.
„Немав врска повеќе од две и пол години, но тоа е моја одлука. Не ми недостига“, нагласила таа, јасно покажувајќи дека сега го избира својот пат.
Нејзиното признание предизвика лавина од поддршка. Многумина ја пофалија за нејзината искреност:
„Браво што ја сподели оваа приказна“, и „Многу храбро и искрено од тебе“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.
Денес, Дана Борисова има сосема поинаков живот. Таа е активна на социјалните мрежи, каде што како инфлуенсерка собира повеќе од половина милион следбеници на Инстаграм. Неодамна, таа ѝ го честиташе 17-тиот роденден на својата ќерка Полина, додека летото го помина со мајка си на Крим.
Во една од нејзините најнови објави, актерката откри и дека посетила позната естетска клиника во Русија, каде што направила одредени корекции, не криејќи ја желбата физички да се чувствува подобро во својата кожа.