ПОЗНАТ РАПЕР ПОЧИНА НА 39-ТИОТ РОДЕНДЕН Се повредил додека бегал од полицијата

Јанг Скутер, роден во Валтерборо, Јужна Каролина, на девет години се пресели во Атланта и стана важен дел од растечката хип-хоп сцена таму.

151

Почина американскиот рапер Кенет Едвард Бејли (39), попознат како Јанг Скутер.

Јанг Скутер, роден во Валтерборо, Јужна Каролина, на девет години се пресели во Атланта и стана важен дел од растечката хип-хоп сцена таму. Својот пробив го постигна во 2012 година со потпишувањето со издавачката куќа „Фрибандз“, која ја основаше неговиот близок пријател и соработник Фјучер. Истата година го објави хит-синглот „Colombia“, кој го лансираше на националната сцена.






Хип-хоп сцената е во шок по веста за трагичната смрт на раперот Јанг Скутер, со вистинско име Кенет Едвард Бејли, кој почина на својот 39-тиот роденден. Познат по своите соработки со „Future“ и „Gucci Mane“, Бејли и подлегна на сериозната повреда на ногата што ја заработи додека се обидуваше да избега од полицијата во петокот вечерта. Неговата смрт го означи трагичниот крај на кариерата што ја одбележа атлантската хип-хоп сцена.

Драмата започнала во петокот вечерта кога полицијата во Атланта добила итен повик за инцидент во југоисточниот дел на градот, на Вилијам Нај Драјв. Според наводите на лицето што се јавило, се слушнале истрели од огнено оружје, а женска личност наводно насилно била „одвлечена назад во куќата“.

Полициските службеници брзо пристигнале на местото на настанот.

„Кога полицајците пристигнаа, тие тропнаа на вратата. Маж ја отвори вратата и веднаш ја тресна пред лицата на полицајците“, рекол поручник Ендрју Смит, командант на Одделот за убиства на полицијата во Атланта, на прес-конференција во саботата наутро.

Додека полицајците работеле на воспоставување периметар околу куќата за да ја обезбедат областа, ситуацијата ескалирала.

„Двајца мажи истрчаа од задниот дел од куќата“, рекол Смит. Еден од мажите се вратил во куќата, додека другиот – за кој се верува дека е Јанг Скутер – продолжил да бега прескокнувајќи ги оградите.

Нeдолго потоа, полицајците го пронашле другиот маж од другата страна на оградата.

„Изгледа дека се здобил со повреда на ногата“, додал Смит.

Полицајците веднаш му пружиле прва помош на лице место. Итната медицинска служба го транспортирала во Центарот за траума „Грејди Маркус“, добро познат аатлантски центар за траума. За жал, и покрај напорите на лекарите, раперот бил прогласен за мртов. Канцеларијата на медицинскиот истражител во округот Фултон подоцна потврдила дека тешката повреда на ногата била причина за смртта, пишува „Пејџ сикс“.

Во текот на прес-конференцијата, поручник Смит остро ги демантирал сите шпекулации или тврдења на социјалните мрежи дека полицајците биле вмешани во пукањето или на кој било начин ја предизвикале повредата на Бејли.

„Само да бидам многу јасен, повредата што ја здобил не е предизвикана од постапките на полицајците на местото на настанот“, нагласил Смит. „Повредата настанала додека лицето бегало“.

Тој додал дека полициската управа на Атланта не била вклучена во никакво пукање таа вечер и дека немало пукање од страна на полицијата во инцидентот на Вилијам Нај Драјв.

 

Поврзани содржини