ПОЗНАТ ИНФЛУЕНСЕР СЕ САМОУБИ НА 20 ГОДИНИ Ја имаше најубавата насмевка на светот

За да го оддаде почит на наследството на својот брат, Форд започна кампања GoFundMe за собирање пари за споменикот.

309

Чејс Филандро, познат инфлуенсер со седиште во Њујорк, почина ненадејно на 31 јули, имаше само 20 години. Филандро беше аматерски актер и редовно објавуваше фотографии од своите патувања низ САД на својот инстаграм-профил, каде што имаше повеќе од 30.000 следбеници, а многумина истакнуваа дека имал најубава насмевка на светот.

„Чејс беше страсен патник и беше трогнат од убавината на националните паркови“, напиша неговата сестра, Френки Форд, во омажот на Инстаграм.






„Секогаш ги поздравуваше странците со насмевка и стекнуваше пријатели на сите патеки по кои патуваше.“

Филандро беше наведен како вокалист во инди-групата „Just Add Water“, рок-група од пет члена која свиреше на разни места на Лонг Ајленд. Тој настапуваше со бендот минатото лето.

Во соопштението на актерската школа „Take 2 Actor’s Studio“ од Хантингтон (Њујорк), со која соработуваше Филандро, младиот актер е запаметен по својот весел дух и радоста што ја внесувал во секоја просторија.

„Неговото присуство беше подарок, а неговото отсуство остава празнина во нашите срца што никогаш нема да можеме да ја пополниме.“

За да го оддаде почит на наследството на својот брат, Форд покренала кампања GoFundMe за собирање пари за споменик во еден од омилените национални паркови на Филандро. За само два дена беа собрани повеќе од 24.000 долари.

„Мојот брат, Чејс Филандро, беше блескава светлина и имаше неверојатна страст за животот“, напишала Форд на страницата GoFundMe.

„Тој беше сакан повеќе отколку што зборовите можат да опишат и го отвори своето срце за секого што го среќаваше.“

Според најновите информации од локалните медиуми, познатиот инфлуенсер си го одзел животот.

Поврзани содржини