ПОЗНАТ ИДЕНТИТЕТОТ НА ВОЗАЧОТ КОЈ УПАДНА ВО ТОЛПА ВО САРАЕВО Носел повеќе од 1 килограм различни дроги

Над 1 килограм дроги биле пронајдени во „Шкодата“ на 28-годишниот возач кој улетал во протест во Сараево. При претресот во неговиот стан полицијата открила и 263 куршуми муниција за пушки.

186

Возачот кој уапдна на протестите за трамвајската несреќа во Сараево носел повеќе од 1 килограм различни дроги и пушка. Регионалните медиуми обзнанија дека се работи за 28-годишниот И.К., жител на градот.

Инцидентот доаѓа денови откако трамвај се преврте на улиците на Сараево и уби човек. Една девојка се разбуди од кома со скршеници на нозете.






Возел со „Шкода“ во спротивна насока. Откако го запрела полицијата, било утврдено дека имал претходна забрана за возење.

Трамвајот што излета од шините во Сараево на 12 февруари 2026 година однесе еден живот, 23-годишен студент кој почина на трамвајската станица. Четири други лица беа повредени, меѓу кои 17-годишно девојче на кого по несреќата ѝ ја ампутираа ногата, но подоцна се разбуди од кома. Другите повредени беа хоспитализирани со различни тешкотии по ударот од излетаниот трамвај.

Повеќе од 50 пакувања сомнителни наркотици

При личен претрес кај него пронашле мала количина супстанца за која се сомневале дека е амфетамин. По судска наредба, го претресле и автомобилот.

„Во возилото се пронајдени повеќе од 50 пакувања со сомнителни наркотици околу 330 грама психоделични печурки, 640 грама марихуана, 98 грама спид, 25 грама кокаин, 8,5 грама МДМА и три дози ЛСД“, соопштила полицијата.

Повеќе од 1 килограм различни дроги биле складирани во автомобилот што минути претходно се движел кон толпа луѓе.

Дрога и во станот, муниција за пушки

Полицијата извршила претрес и во станот на осомничениот, во општина Ново Сараево. Таму пронашле дополнителни количини кокаин и марихуана. Откриле и 263 куршуми муниција за пушки.

Осомничениот бил уапсен под сомнение за неовластено производство и продажба на дрога, спречување службено лице во вршење должност и нелегално поседување оружје. Тестирањето покажало дека бил позитивен на дрога.

Неговиот автомобил бил привремено запленет. Против него ќе биде поднесено обвинение до Општинскиот суд во Сараево за сообраќајни прекршоци.

Обвинителството решава за притвор

По апсењето, И.К. бил предаден во надлежност на Окружното обвинителство во Сараево.

„Осомничениот ќе биде приведен 24 часа. Во тој законски рок, надлежниот обвинител ќе одлучи за евентуален предлог за притвор“, потврдиле од обвинителството.

Поврзани содржини