Познат холивудски актер почина на снимање на филм

Официјално објаснување за причината за смртта засега нема, но се претпоставува дека станува збор за срцев удар.

2,089

На 60-годишна возраст ненадејно почина познатиот американски актер кој се прослави во серијата General Hospital, јавуваат американските медиуми.

Џеј Пикет паднал на земја во еден момент при снимањето на филмот „Treasure Valley“ во сојузната држава Ајдахо.






Тажната вест ја потврди и неговата сопруга Елена Пикет.

– Џеј Пикет, актер, писател, продуцент и креатор на филмот, ненадејно почина на сет додека се подготвувавме за снимање на една од сцените. Срцата ни се скршени и тагуваме со неговото семејство – изјави режисерот Травис Милс по трагедијата.

Официјално објаснување за причината за смртта засега нема, но се претпоставува дека станува збор за срцев удар.

Поврзани содржини