ПОЗНАТ ГОТВАЧ Ѝ ГО СКРШИЛ НОСОТ НА ПОРАНЕШНАТА МИС НА ФРАНЦИЈА Убавицата го обвини познатиот шеф Жан Имбер за семејно насилство

Поранешната Мис Франција, Александра Розенфелд, изнесе тешки обвинувања против славниот француски готвач Жан Имбер, тврдејќи дека во текот на нивната врска во 2013 година била жртва на физичко и психолошко насилство.

143

Александра Розенфелд која ја освои титулата Мис на Франција во 2006 година, изнесе тешки обвинувања против славниот француски готвач Жан Имбер, тврдејќи дека во текот на нивната врска во 2013 година била жртва на физичко и психолошко насилство.

Таа, во јавен пост на Инстаграм откри дека Имбер ѝ го скршил носот со удар со глава. Таа додава дека најтешко ѝ било не толку поради физичката повреда, колку поради континуираната психолошка контрола и манипулациите што ги трпела.






„Тие удари не беа најболното. Полошо беше бавното, скриено уништување – контролата, омаловажувањата, тишината со која ме казнуваше,“ напиша таа.

Имбер, кој стекна слава откако победи во „Top Chef“ и води престижни ресторани во Париз и Монте Карло, ги негирал обвинувањата. Неговиот тим тврди дека инцидентот се случил за време на жестока расправија и дека не се работи за систематско насилство.

Случајот добива дополнителна тежина затоа што уште три жени го обвинија Имбер за слично контролирачко и токсично однесување. Француската јавност реагира бурно, а медиумите веќе ја споредуваат оваа приказна со некои од најголемите скандали во светот на гастрономијата и шоу-бизнисот.

Поврзани содржини