НАЈГОЛЕМИОТ ЛЕГАЧ ЗА 2022 ГОДИНА ВО ЦРНА ГОРА Не се ни загреав, не беше тешко да се победи

Кога доаѓа друштвото, забавно е, но најголемата грешка е кога доаѓа нечие семејство. Кога ќе дојде нечие семејство, тешко е да не станеш, додава Пејановиќ, познат како Кнеле.

357

Жарко Пејановиќ, познат како „Кнеле“ од Забјела е овогодишниот победник во лежење во Црна Гора, на натпреварот кој по 12-ти пат се одржува  во Етно-селото Брезни. Кнеле лежел 55 часа, односно речиси 2 ипол дена, а негов соперник во финалето за титулата бил Вук Кољеншиќ од Даниловград, пишува РТЦГ.

– Не беше тешко. Верувајте, не се ни загреав – вели Црногорецот.






Кнеле бил решен да го освои првото место за Забјело и наградата од 350 евра, а му нуделе да ја подели титулата со Вук. За него најголем проблем е „кога ќе дојде семејството да те поддржува, тоа е најголемата грешка“.

– Кога доаѓа друштвото, забавно е, но најголемата грешка е кога доаѓа нечие семејство. Кога ќе дојде нечие семејство, тешко е да не станеш – додава Пејановиќ, познат како Кнеле.

Рекордот во лежење засега го држи Дубравка Алексиќ, која е исто така од Подгорица. Дубравка лани лежеше цели 117 часа.

Поврзани содржини