🎥 ПОЗНАТ Е РЕДОСЛЕДОТ НА НАСТАПИТЕ НА ЕВРОВИЗИЈА Во првото полуфинале мразот ќе го скрши Молдавија, а во второто – Бугарија

Организаторите на Изборот на песна за Евровизија 2026 го објавија редоследот на земјите кои ќе настапуваат на годинешниот натпревар. Најдолу во текстот слушнете ги накратко песните на сите 35 учесници на натпреварот

108

Организаторите на Изборот на песна за Евровизија 2026 го објавија редоследот на настапите на земјите учеснички на годинешниот избор, за двете полуфинални вечери.

Во првото полуфинале ќе настапат претставниците на Молдавија, Шведска, Хрватска, Грција, Португалија, Грузија и Италија, додека во вториот дел од вечерта ќе настапат Финска, Црна Гора, Естонија, Израел и Германија.






На крајот од првото полуфинале, пред публиката ќе се претстават Белгија, Литванија, Сан Марино, Полска и Србија.

Бугарија и Азербејџан ќе го отворат второто полуфинале, по што следат Романија, Луксембург и Чешка, како и Франција.

Потоа ќе настапат Ерменија, Швајцарија, Кипар и Австрија, додека кон крајот од вечерта публиката ќе ги гледа Латвија, Данска, Австралија, Украина и Обединетото Кралство. Натпреварот го затвораат Албанија, Малта и Норвешка.

Да потсетиме, во полуфиналните вечери се одлучуваат финалистите кои ќе се борат за победа на еден од најпопуларните музички настани во светот.

Погледнете го и краткиот преглед на песните на сите 35 учесници на Евровизија 2026.

Поврзани содржини