ПОЗНАТ Е МОТИВОТ ЗА ДВОЈНОТО УБИСТВО ВО ГЕВГЕЛИЈА Двајцата браќа се расправале за куќата

Јавен обвинител од ОЈО Гевгелија извршил увид на местото на убиството, а обвинителот ја очекува кривичната пријава во текот на денот.

1,153

Според првичните информации од Јавното обвинителство, мотив за двојното убиство во Гевгелија се нарушени меѓусебни односи на двајцата браќа кои кулминирале заради банална расправија во врска со работи на заедничката куќа.

Ова денеска го соопштија од Јавното обвинителство на РСМ, од каде информираа дека јавен обвинител од ОЈО Гевгелија извршил увид на местото на убиството, а обвинителот ја очекува кривичната пријава во текот на денот.






Инаку, полицијата го сомничи шеесет и деветгодишниот В.Г. од Гевгелија дека синоќа околу 19 часот ги убил брата си Л.Г. (71) и снаата Т.Г. (62) пред влез од куќа во Гевгелија кога со пиштол пукал во нив.

Поврзани содржини