Познат е идентитетот на жртвите во Топаана, убиени се двајца млади на возраст од 28 и 24 години

1,820

Утврден е идентитетот на двете жртви во убиството на булеварот Македонско-косовска бригада во скопската населба Топанско Поле кое се случило рано утринава.

Станува збор за млади луѓе, едната жртва А.Б. има 28 години, а другата Б.В.24, двајцата од Скопје. велат од МВР.






Полицијата вели дека во 2.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот.„Македонско – Косовска бригада“ се слушнало пукање.

„По излегување на местото на настанот од страна на полициски службеници, било пронајдено патничко моторно возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки и две лица кои не давале знаци на живот. Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт кај двете лица. Пронајдени се чаури од огнено оружје, пиштол и автоматска пушка. Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот“, вели МВР.

Поврзани содржини