Познат е идентитетот на тинејџерите, кои загинаа од плин на дочекот (ФОТО+ВИДЕО)
Како што е веќе познато, починатите биле на возраст меѓу 18 и 19 години, а безживотните тела ги пронашле луѓе од блиската викендичка каде што исто така млади ја славеле Новата година.
Во селото Трибистово кај Посушје ноќеска починаа осум тинејџери, четири девојчиња и четири момчиња, кои ја славеле Новата година.
Според неофицијални информации, причината е задушување со плин , но повеќе детали ќе бидат познати по обдукцијата на телата, што ќе се изврши во Мостар.
Како што е веќе познато, починатите биле на возраст меѓу 18 и 19 години, а безживотните тела ги пронашле луѓе од блиската викендичка каде што исто така млади ја славеле Новата година.
Куќата во која се случила трагедијата е скоро два километри од патот и од местото Трибистово, а до неа се стигнува по тежок терен.
Според Вечерњи лист, починале Иван Миличевиќ (роден 2001 година во Посушје, живеалиште во Поклечани), Стипе Ромиќ (роден 2001 година во Посушје, престојувал во Поклечани), Мирела Резо, родена 2001 година во Швајцарија, престојувала во Посушје, Жана Павковиќ, родена 2001 година во Сплит, живеалиште во Врпоље, Посушје), Миа Солдо (родена 2001 година во Сплит, живеалиште во Сутина, Посушје), Стипе Павковиќ (роден 2001 година во Мостар, живеалиште во Врпоље, Посушје) Марија Павковиќ (родена 2001 година во Сплит, живеалиште во Врпоље, Посушје), Стјепан Јукиќ (2001 година во Мостар, престојуваше во Батин, Посушје).
Осум свеќи се запалени за осум изгаснати животи во Посушје, а затворени се сите угостителски објекти.
Поради оваа трагедија, Советот на министри на БиХ едногласно донесе одлука утре да се прогласи Ден на жалост на територијата на цела БиХ. Владата на Федерацијата БиХ прогласи ден на жалост во понеделник, 4 јануари, а Владата на HК прогласи тридневна жалост.
Угостителските и другите деловни објекти во Посушје денес веднаш ги затворија вратите, а знамињата беа спуштени на половина копје.