ПОЗНАТ БОКСЕР ЗАСТРЕЛАН ВО БЕРЛИН Поранешниот шампион настрадал во мафијашка пресметка
Ибрахим Ајада бил нападнат од две лица кои биле во автомобил со холандски регистарски таблички, погоден е во вратот и се наоѓа во критична состојба.
Боксерот Ибрахим Ајада рано утрово во Берлин бил застрелан од непознати лица, пренесува германски Билд. Германскиот весник наведува дека боксерот е во критична состојба.
Според сознанијата што ги објавија германските медиуми, Ибрахим Ајада бил нападнат од две лица кои биле во автомобил со темни стакла, со холандски регистарски таблички.
Постои сомнеж дека се работи за мафијашка пресметка, бидејќи боксерот Ибрахим ја заврши кариерата во 2020 година, по што често е забележан со припадници на мафијашките кланови во Берлин.
Билд наведува дека околу 03:40 часот напаѓачите пукале во боксерот, а најмалку еден куршум го погодил Ибрахим во вратот.
Набрзо, боксерот бил пренесен во болница во критична состојба и бил итно опериран.