ПОЗНАТИОТ ТЕНИСЕР ПОД ИСТРАГА Ја тепал и психички ја злоставувал својата девојка

АТП отвори истрага неколку месеци по обвинувањата на Олга, а тениската организација беше на удар бидејќи досега не реагираше на овие тврдења.

963

Асоцијацијата на тениски професионалци (АТП) покрена внатрешна истрага против Александар Зверев, поради наводите на неговата поранешна девојка Олга Шарипова дека физички и психички ја малтретирал.

АТП изјави дека независниот извештај за заштита е веќе усвоен, а потоа е поведена постапка против Германецот.






Масимо Калвели, извршен директор на АТП, ја објасни позицијата на Асоцијацијата по ова прашање.

– Обвинувањата против Александар Зверев се сериозни и наша одговорност е да се справиме со нив. Се надеваме дека истрагата ќе ни помогне да ги утврдиме фактите и да преземеме соодветни мерки. АТП целосно го осудува секој облик на насилство или злоупотреба и ќе ги испита овие наводи. Веруваме дека Зверев ја поддржува нашата истрага и свесни сме дека тој ги негираше обвинувањата. Ние ги следиме и понатамошните случувања во судовите во Германија – рече Калвели.

АТП реагираше неколку месеци по обвинувањата на Олга, а тениската организација беше на удар бидејќи досега не реагираше на овие тврдења.

– Почнавме истрага. Ние во АТП осудуваме секаков облик на насилство и затоа ќе ги истражиме сите наводи изнесени против еден наш член – се вели во соопштението на АТП.

Поврзани содржини