Позлатени Ајфони 12 Про со ликовите на Бајден и Трамп по цена од 20.000 долари

Во понуда се Ајфон 12 Про и Ајфон 12 Про Мах, и вакви модели ќе има само 46 што пак, е симболично бидејќи толку претседатели имале САД. Во зависност од моделот кој ќе го земете, цените на Кавиаровите позлатени претседателски Ајфони ќе се движат од 14.900 до 19.950 долари и веќе можат да се нарачаат.

243

Руската компанија Кавиар веќе низа години издава позлатени верзии на сите популарни модели на смартфони, а на ред стасаа и Ајфон 12 Про телефоните.

Годинава Кавиар додал детали кои се врзуваат за изминатите избори во САД, а цените се и натаму баснословно високи. Еве какви се Кавиаровите Ајфон 12 Про и 12 Про Мах златни модели од 20.000 долари на кои се ликовите на Бајден и Трамп.






Ајфон 12 Про го има американското знаме чии детали се изработени од злато, а во средината се наоѓаат златни парички со ликот на Бајден и на Трамп, а од парче залто е направен и мотив на псеочен часовник. Токму тие парчиња злато одат од една паричка кон друга. Кавиар тврди дека тие мотиви ја претставуваат константата на промена на светот низ времето, а така Демократот и Републиканецот ги менуваат својте позиции. Инаку куќиштето на Ајфон 12 Про е изградено од титан.

Во понуда се Ајфон 12 Про и Ајфон 12 Про Мах, и вакви модели ќе има само 46 што пак, е симболично бидејќи толку претседатели имале САД. Во зависност од моделот кој ќе го земете, цените на Кавиаровите позлатени претседателски Ајфони ќе се движат од 14.900 до 19.950 долари и веќе можат да се нарачаат.

Интересно е како секогаш Кавиар се обидува на луксузен но интересен начин на направи сопствени верзии на Ајфон и Самсунг Галскси телефони, а годинава навистина отишле чекор понатаму со мотивите од претседателските избори во САД.

Поврзани содржини