Позитивен тенисер избегал од турнир со приватен авион во непознат правец

310

Американскиот тенисер Сем Квери со неговото семејство исчезна од турнирот во Санкт Петерсбург, Русија, откако добил позитивен на тест за коронавирус.

По добивањето на позитивниот тест, тој и неговата сопруга со осуммесечниот син требало да остнаат во изолација во хотел. Но, Квери одлучил да исчезне. Тој изнајмил приватен авион и побегнал во непознат правец, а се претпоставува дека се наоѓа во некоја балтичка земја каде што не му треба негативен тест за влез во земјата.






После целата ситуација се огласи и АТП.

„АТП е известен за инцидентот и сериозното кршење на протоколите. Ние оваа ситуација ја сфативме сериозно и отворена е истрага“, стои во соопштението.

На Квери му се заканува парична казна од 100.000 долари и суспензија од три години.

Поврзани содржини