Позитивен на ковид бесен што не го пуштиле на Пулмологија без маска, собрал другари и натепале болничар
Инцидентот кој се случи вчера попладне во модуларната ковид амбуланта на Пулмологија ја предизвикало момче кое дошло со мајка му, а и двајцата биле позитивни на ковид- 19.
Како што пишува Либертас мајката и синот, без маски сакале да влезат во амбулантата и кога биле опоменати да не влегуваат поради ковид протоколот, момчето почнало да се заканува, а потоа и нападнало болничар.
„Откако си заминале тој повторно се вратил, но овој пат со група другари со возила без регистарски таблици влегле во амбулантата и го нападнале болничарот. Кога дошла полиција тие се тепале и со полицајците и се е снимено на безбедносните камери“, велат за Либертас од Клиниката за пулмологија.
Инцидентот е пријавен во полиција.