„ПОЖОЛТЕНИОТ“ ЕЛМАС ЌЕ ИГРА ВО ПОЛУФИНАЛЕТО? ФИФА ќе му ги избрише картоните

Баражот за пласман на мундијалот ќе биде под „капата“ на ФИФА, што е добра вест, бидејќи актуелната суспензија е според моментните пропозиции на УЕФА, нешто што светската куќа на фудбалот би можела да го промени.

2,242

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас би можел да настапи за Македонија во полуфиналето од баражот за Светското првенство во Катар идната година, откако беше обелоденето дека е покрената иницијатива за бришење на жолтите картони по завршницата на квалификациските групи за пласман на Мундијалот.

Македонскиот дијамант доби жолт картон на последниот меч со Исланд и автоматски се активираше суспензија од еден натпревар, што би значело дека тој ќе го пропушти полуфиналето од баражот.






Но, телевизијата ЕСПН во прилогот наменет за претстојниот бараж обелодени дека веќе е покрената иницијатива за бришење на картоните од квалификациите, што би значело дека сите фудбалери како Елмас од 12-те селекции учеснички ќе можат да настапат, за репрезентациите во најсилен состав да водат битка за пласман на СП 2022 во Катар.

Баражот за пласман на мундијалот ќе биде под „капата“ на ФИФА, што е добра вест, бидејќи актуелната суспензија е според моментните пропозиции на УЕФА, нешто што светската куќа на фудбалот би можела да го промени.

Поврзани содржини