ПОЖАРОТ ВО ВИКЕНДИЦАТА НА ПАНДОВ БИЛ НАРАЧАН Има осомничени сторители, а има и осомничени нарачатели

Конкретно немам што да ви кажам во моментов. Но, сепак, ќе ви откријам дека има неколкумина осомничени за подметнување на пожарот во викендицата. Наскоро ќе бидат фатени, а фатени ќе бидат и нарачателите на пожарот, рече директорот на Дирекцијата за управување со санкции Александар Пандов.

580

„Имаме неколку осомничени лица кои ја запалија мојата викендица, но наскоро ќе бидат фатени и тие, ама ќе бидат фатени и нарачателите на пожарот“.

Ова, одговарајќи на новинарско прашање, денеска го изјави директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов, додавајќи дека нарачателите на пожарот во викендицата во селото Орешани кај Зелениково се многу поважни од самите сторители на делото.






– Конкретно немам што да ви кажам во моментов. Но, сепак, ќе ви откријам дека има неколкумина осомничени за подметнување на пожарот во викендицата. Наскоро ќе бидат фатени, а фатени ќе бидат и нарачателите на пожарот – рече Пандов.

Тој и пред неколку недели откри дека затвореници или банди во затворите кои се под негово управување, со скапо платен мобилен телефон што го добиле зад решетки, го нарачале палењето на неговата викендичка во Орешани.

Пандов смета дека тоа е чин на одмазда за борбата со затворскиот криминал што тој ја почнал откако дојде на функцијата.

– На што се должи? Се должи на кукавичлукот и на стравот кошто го имаат сега одредени затвореници, од притисокот којшто го имаат со промената на власт, имено привилегиите кои претходно ги имале сега ги имаат изгубено. Зошто? Затоа што ја постапувам само по слово на законот, односно она што наложува законот и правилниците за работа на затворите јас стриктно барам од директорите и затворската полиција да го применуваат. Секој еден затвореник кој го почитува словото на законот, кој го почитува куќниот ред, знае дека во мене има пријател и обратно оној кој мисли дека е шериф и дека негов е затворот и може да прави што сака – е мој непријател. Овие 9 месеци функционирање, сигурно сум стекнал одредени непријатели кои преку овој начин пораката која што е пратена е да ме заплашат мене, а на крајот на денот да ја заплашат и Владата. Не, не, немам никаква двојба, затоа што јас и од претходно имав, тоа се муабети јас не сум имал стриктни докази меѓутоа имало такви разговори конкретно околу палење, околу други потешки кривични дела – рече Пандов во едно телевизиско гостување.

Според него, изминатиот период до него доаѓале гласини за кои немал материјални докази, дека нешто лошо ќе му се случи, односно дека затвореници му подготвуваат нешто лошо.

– Не сум имал директни закани, предупредувачки закани преку сознанија од затвореници, од вработени во затворите дека одредени затвореници разговараат како да ми наштетат. Да бидеме на чисто, јас имам над 50 години, на еден човек јас во животот лошо му немам направено, ниту сум му должен на некого. Ова не е атак на Александар Пандов. Ова е атак на директорот на Управа за извршување санкции. При тоа, како таков јас сум назначен од Владата и овој е доказ дека Владата преводена од Христијан Мицкоски, онаа борба која ја има започнато против корупцијата и криминалот, ги има заболено бандитите кои се во затворите и надвор од затворите. Имам одредени лица поврзани со кој тип на криминал. Со тоа што и вчера и денеска имаше екипи од МВР, од Обвинителство, од форензика, се што треба да дојдат да направат увид. Нема да дозволам моите претпоставки јавно да ги споделувам, меѓутоа имам основано сомневање и на тие треба да им биде јасно дека се задолжиле многу кај мене и дека ако ми се докаже дека е некој од нив – до крајот на нивниот живот ќе го плаќаат тој долг. Повторно ќе кажам – ниту ме уплашиле, ниту мислам да се повлечам од ова ниту јас ниту премиерот Мицкоски. Меѓутоа, дека жестоко ќе биде одговорено на ова и на тие бандити и криминалци кои го имаат направено ова и кои мислат дека можат вака да се однесуваат во Македонија и уште повеќе сум решен и поспремен она што го правам да го правам и понатаму – порача Пандов.

СТАРТУВА НОВИОТ МОДЕЛ ЗА ИЗДРЖУВАЊЕ ЗАТВОРСКА КАЗНА ВО МАКЕДОНИЈА Пандов на своја нога ја тестираше електронската алка

Поврзани содржини