ПОЖАРОТ ВО ТРЕСКА СНИМЕН ОД ДРОН Чадот е видлив од повеќе места во градот (ВИДЕО)
По притисок на јавноста, Советот на Општина Центар донесе одлука да се распише конкурс за избор на идејно архитектонско решение за оваа локација, но по промената на локалните избори, новата администрација во Центар ретерира од обврската решенијата од конкурсот да се применат на оваа локација.
Голем пожар изби попладнево во кругот на поранешната фабрика Треска во центарот на Скопје. Станува збор за локација којашто подолг период е во центарот на вниманието на граѓаните во Скопје поради интересот на инвеститорите да градат станбено-деловни објекти според детален урбанистички план кој не е усогласен со Генералниот урбанистички план на градот. Порталот СамоПрашај објави снимка одозгора со дрон.
По притисок на јавноста, Советот на Општина Центар донесе одлука да се распише конкурс за избор на идејно архитектонско решение за оваа локација, но по промената на локалните избори, новата администрација во Центар ретерира од обврската решенијата од конкурсот да се применат на оваа локација.
Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии.