Пожарот во Пехчево се шири кон селата, напомош доаѓаат и пожарникари од Словенија

Во општина Пехчево, кај месноста Бајаз Тепе пожарот се шири кон селата Робово, Умлена и Чифлик. Опожарена е високостеблеста дабова и борова шума, нискостеблести растенија, смрека, стрништа и пасишта. Се очекува во секој момент да пристигне специјална ПП единица од Словенија.

368

Голем дел од пожарите во земјава се активни. Пожарот кај селото Девич во охридскиот регион е ставен под контрола, а во Пехчево уште е активен и се шири кон селата Робово, Умлена и Чифлик. На терен се пожарникарите, припадниците на Армијата, а во секој момент се очекува да пристигне и специјална ПП единица од Словенија.

Како што информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК) активен е пожарот во штипскиот регион, во атарот на селото Нов Истевник, кај маалото Пасјак.






До овој момент, опожарена се околу 750 хектари борова шума и нискостеблести растенија. Екипите за гаснење на пожарот се на терен од раните утрински часови.

Интервенираат 200 припадници на Армијата, 25 вработени во „Голак“ со четири теренски возила, потоа ТППЕ Делчево со 13 пожарникари, две цистерни и теренско возило, пет припадника на гранична полиција со пет теренски возила…Волонтери од Црвени Крст Делчево се на терен и доставуваат вода за пиење на ангажираните сили. Во гаснењето на пожарот ангажирани се и четири хеликоптери.

Во општина Пехчево, кај месноста Бајаз Тепе пожарот се шири кон селата Робово, Умлена и Чифлик.

Опожарена е високостеблеста дабова и борова шума, нискостеблести растенија, смрека, стрништа и пасишта. Се очекува во секој момент да пристигне специјална ПП единица од Словенија.

Пожарот на потегот Костин Дол – Ново Село, во општините Кочани и Македонска Каменица, од ноќеска повторно е активен. Во струмички регион пожарот кај Погана е со намален интензитет, односно нема активно горење.

Досега опожарени се околу 1.200 хектари  ниско стеблеста шума – даб, габер, прнар, јасен.

Во Гевгелија пожарот е под контрола. Опожарени се околу 200 хектари мешана шума и сува трева. На терен се 13 лица од ШС „Кожув“.

Во битолски регион, во општина Прилеп, пожарот во атарот на селата Ракле – Никодин – Топлица е активен на еден крак према рудникот Козјак и еден крак према високиот дел од селата Крстец – Никодин.

Опожарени се околу 2.000 хектари нискостеблеста дабова шума и лисната постилка. На потегот од селата Крстец – Никодин гори нискостеблеста дабова шума.

Под контрола е кракот кон селото Топлица, кракот кон Црквата и викенд куќите во селото Ракле.

На кракот од магистралниот пат Прилеп – Градско, гори чалија, сува трева, грмушки и деградирана дабова шума.

Од ноќните часови, на 4 и 5 август, активен е пожарот на потегот на Дрен – Смолани во Прилеп, со кој гори сува трева, смрека, чолија и лисната постелка.

Во охридски регион, пожарот во атарот на селото Девич во општина Македонски Брод, вчера во 18 часот е ставен под контрола. Од утрово на терен се ТППЕ Македонски Брод со четири пожарникари и пет вработени од ШС „Македонски Брод“ заради контрола на просторот.

Поврзани содржини