Пожарот во Пехчево го запре сообраќајот на патот кон Делчево

205

Пожарот во пехчевско се прошири кон патот Делчево – Пехчево и зафати дел од блиската шума во атарот на селото Црник. Поради новонастанатата ситуација повторно е во прекин сообраќајот во правец од Делчево кон Пехчево.

– Забраната за движење важи од 11 часот на повеќе локации имаме наши екипи кои го упатуваат населението кон алтернатнивниот патен правец преку селото Бигла – информираат од полицијата во Делчево.






Во меѓувреме на терен пристигнаа и противпожарните возила од Словенија кои веднаш се вклучени во гаснењето на пожарот кај селата Робово и Умлена каде хеликоптерите се повлекоа за да наполнат гориво, а гаснењето продолжува теренски.

Поврзани содржини