ПОЖАРОТ ВО КАРПОШ 4 ПОД КОНТРОЛА Брза акција на пожарникарите и воздухопловот на ДЗС

Особено значајна била интервенцијата на воздухоплов на Дирекцијата за заштита и спасување, кој се враќал од задача во Маврово-Ростуше.

1,633

Пожарот што денеска избувна во поранешниот објект на „Макотекст“ во населбата Карпош 4, кај мостот Обединети Нации, е целосно локализиран, соопшти директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али.

– Екипите на Бригадата за противпожарна заштита успеаја навремено да го стават пожарот под контрола. Дел од екипите сè уште се на терен за целосно обезбедување на локацијата – изјави Али.






Тој потсети дека огнот зафатил стар објект, дел од кој се користел како сервис за возила во кој имало бои, лакови и други хемикалии, што дополнително ја отежнувало интервенцијата.

Особено значајна била интервенцијата на воздухоплов на Дирекцијата за заштита и спасување, кој се враќал од задача во Маврово-Ростуше.

– Пилотот го забележал густиот дим и исфрлил вода врз објектот, со што помогна во спречување на понатамошно ширење на пожарот – истакна Али.

Во гаснењето биле ангажирани повеќе противпожарни екипи со пет возила и околу десет пожарникари.

– Во акцијата учествуваат повеќе возила и екипи под водство на командирот Звонко Томовски. Нема информации за повредени или настрадани лица – информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов.

Причините за избувнувањето на пожарот ќе бидат дополнително испитани.

📽️ 📷 ГОЛЕМ ПОЖАР КАЈ ЧЕТИРИТЕ КУЛИ ВО КАРПОШ 4 Густ чад ја прекри населбата, огнот зафати магацин

Поврзани содржини