Пожарот во Карбинци почнал од трафостаница на ЕВН
Пожарот зафати стрниште, лозја, овошки, дел од шумски појас, викенд куќа сопственост на Д.Г., систем за наводнување и гаража сопственост на С.С.(62) од Штип.
МВР денеска соопшти дека пожароткој вчера избувна во Карбинци настанал во трафостаница на ЕВН во село во 15 часот.
Полицијата била информирана за пожарот во 15.30 часот.
„Пожарот зафати стрниште, лозја, овошки, дел од шумски појас, викенд куќа сопственост на Д.Г., систем за наводнување и гаража сопственост на С.С.(62) од Штип“, се вели во соопштението.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Штип, а повредени лица нема. Увид извршила увидна екипа на СВР Штип.