ПОЖАРОТ ВО ЦЕРА И ПРЕСЕКА ПОВТОРНО НАДВОР ОД КОНТРОЛА Гори и над кичевско Зајас, на терен се пожарникари

Атанасовски потенцира дека во текот на утрешниот ден како што наведува се очекува да се вклучат и доброволци од институциите во Македонска Каменица. Во кичевско Зајак, пак, трет ден по ред се активира пожарот кој е пристапен да се гаси од терен.

265

Пожарот во селата Цера и Пресека повторно е надвор од целосна контрола, информираше градоначалникот на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски.

Тој преку објава на својот Фејсбук профил посочува дека иако вo раните утрински часови, пожарникарите од Македонска Каменица и Кочани добиле воздушна поддршка од еден полициски хеликоптер, пожарот сè уште е активен поради засилениот ветар од пладневните часови.






– Куќите во Јангелковци кои беа загрозени вчера, се спасени. Но, поради се позасилениот ветер и непристапниот терен за делување од копно, сега постои реална опасност од ширење на пожарот кон маало Стамболии во село Цера. ТППЕ Кочани наведуваат дека првично биле активни два одделни пожари. Едниот во село Пресека, а другиот во село Цера. Потоа, истите се спојуваат во еден пожар на доста широка територија и огнената стихија досега однела над 150 хектари висококвалитетна борова и дабова шума – посочува Атанасовски.

Од рано утрово на терен, покрај екипи на ТППЕ-Македонска Каменица, доброволци и локално население од село Цера, во акцијата за гасење на пожарот се вклучени Тппе Кочани,  ДПД Кочани, ДПД САСИ Македонска Каменица, вработени во ЈП „Национални шуми“ и други екипи.

Атанасовски потенцира дека во текот на утрешниот ден како што наведува се очекува да се вклучат и доброволци од институциите во Македонска Каменица.

Истовремено, во кичевско се разгоре пожарот над селото Зајас. Откако синоќа беше изгаснат, денеска пожарот е повторно активен.

– Таму трет ден е активен пожарот, иако денес беше мирно, сега пак е активен повторно. Горат млади борови. Тука гаснат пожарникари од Кичево и 30 припадници на Армијата. Нема услови за гаснење од воздух, оти не спаѓа во тешките и приоритетни пожари и е пристапен за гаснење од земја – рече Ангелов.

Тој утринава апелираше до граѓаните да го пријавувуваат секое сомнително движење ако забележат потпалувачи, а ако им е страв лично да се јават, нека кажат на некој комшија, полицаец, вработен во ЦУК.

– Апелирам на голема внимателност. Не е наивен пожарот и кај депонија или на сува трева, брзо може да стигне до шума или да загрози човечки живот. Борбата против овие кои палат мора да биде жестока, мора жестоко да возвратиме, бидејќи превенцијата е најдобриот начин. Тогаш кога ќе бидат казнети, тогаш ќе бидат внимателни. Нема никакво оправдување за ваквото несериозно однесување. Ќе барам дополнителни законски измени за строги казнувања на ваквите поведенија кои загрозуваат човечки животи и трошат државни ресурси – истакна Ангелов.

На денешната владина седница беше одлучено  мерки за превенција поради топлотниот бран  да важат и утре.

Поврзани содржини