ПОЖАРОТ НА КРИМ УШТЕ ТЛЕЕ Хеликоптери го гаснат, евакуирани се над 3.000 луѓе
„Скај њуз“ (Sky News) објави дека нападот е извршен од украинските специјални сили кои дејствуваат во Крим, кој е под руска окупација. Многу Украинци слават бидејќи ТАСС објави дека по експлозиите 38.000 руски автомобили го напуштиле полуостровот преку мостот кон копното. Тоа се Русите кои се населиле на Крим при анексијата од 2014 година.
Во руската воена база во близина на Џанкој на Крим денеска, еден ден по нападот, сè уште има пожар и се слушаат експлозии од магацинот за оружје.
Вршителот на должност премиер на Крим, Сергеј Аксјонов изјави дека пожарот се гасне и од воздух со хеликоптер. Тој исто така наведе дека се трага по извршителите на нападот.
Поради пожарот и експлозиите евакуирани се повеќе од 3.000 луѓе.
Руското Министерство за одбрана вчера соопшти дека експлозиите во складиштето за муниција на Крим се саботажа. Денеска Министерството објави дека на местата на експлозиите руската служба уапсила терористи на Исламската држава.