ПОЖАРОТ МЕЃУ РАЗЛОВЦИ И ТРБОТИЛИШТЕ ПОД КОНТРОЛА Во Пијанец зафатени се 50 хектари

Таќева вели дека гори сува трева, дабова и борова шума во Пијанечкиот регион, а во гаснењето на пожарот се вклучени над 30 лица пожарникари, вработени во Шумското стопанство, Доброволното противпожарно друштво, полициски службеници, како и припадници на граничната полиција „Исток“, а месното население е вклучено со механизација кое прави бразди за да не се проширува огнот.

92

Пожарот меѓу делчевските села Разловци и Трботилиште околу 19 часот е ставен под контрола, но сѐуште постои опасност ветерот да ја проблематизира состојбата и да му даде друг правец на огнот, вели за МИА портпаролот на Општина Делчево Даниела Таќева.

Првичната проценка е дека и во Пијанец е зафатена површина, односно шума од околу 50 хектари.






Таќева вели дека гори сува трева, дабова и борова шума во Пијанечкиот регион, а во гаснењето на пожарот се вклучени над 30 лица пожарникари, вработени во Шумското стопанство, Доброволното противпожарно друштво, полициски службеници, како и припадници на граничната полиција „Исток“, а месното население е вклучено со механизација кое прави бразди за да не се проширува огнот.

Поврзани содржини