(OБНОВЕНО) ПОЖАРОТ МЕЃУ БОГДАНЦИ И ДОЈРАН СТАВЕН ПОД КОНТРОЛА Службите ќе ја следат ситуацијата на терен

Гаснењето на пожарот го усложнуваат детонациите на мини од Првата светска војна, а во прилог на пожарот оди и ветрот кој го насочува кон изгорените делови, информира Стојанче Ангелов, директорот на ЦУК.

87

Ставен под контрола, но не целосно изгаснат пожарот меѓу Богданци и Дојран што избувна денеска на пладне на планината Карабалија, во атарот на селото Селемли, во близина на границата со Грција, информираат од ЦУК. Според Стојанче Ангелов, директорот на ЦУК, спречено е проширување на огновите, но службите ќе ги следнат локалните појави на пожар.

– Се повлековме. Локализираниот пожар ќе го следиме зашто постои можност од негово активирање доколку ветрот го промени правецот – изјави Ангелов.






Како што изјави директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, горат уште два краци.

– Со дејствување на двата авиона „Ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување (ДСЗ), но и на локалните пожарникари од Гевгелија и Дојран, спречено е проширување на пожарот кон полето – рече Ангелов.

Како што рече тој во последната видео изјава од местото на пожарот во прилог на гаснењето е и ветрот кој го насочуваше огнот кон изгорените делови.

Ангелов информираше дека големиот пожар е на линијата на фронтот од Првата светска војна и досега се слушнале повеќе детонации од експлозивни направи и истрели од куршуми од голем калибар. Ова го усложнило гасењето на пожарот попладнево.

Поврзани содржини