ПОЖАРОТ КАЈ ГРАЧАНИ Е АКТИВЕН НА КОСОВСКА СТРАНА Гори мешана шума на Скопска Црна Гора и во Струшко
Центарот за управување со кризи соопшти дека вчера се изгаснати 27 пожари.
Вкупно 31 пожар на отворен простор се регистрирани изутринава до 07.30 часот, од кои еден е активен, три пожари се под контрола, а 27 пожари се изгаснати, соопшти ЦУК.
Активен е пожарот во Општина Ѓорче Петров, во с. Грачани, при што пожарот моментално е активен на територијата на Косово каде гори шума.
Центарот за управување со кризи доцна синоќа информираше дека по барање на Косово, Македонија ангажираше хеликоптер на Министерството за внатрешни работи за помош во пожарите во реонот Хани и Елезит.
– Ова не е само интервенција за гаснење пожар,ова е потврда на нашата подготвеност да им помогнеме на нашите соседи, но и пошироко, секогаш кога тоа е најпотребно – рече првиот човек на ЦУК Мухамед Али.
Во меѓувреме изгаснати се 27 пожари.