ПОЖАРОТ КАЈ ЦЕРОВО СЕ ШИРИ КОН КАРПАЛАК, НО НЕМА ЗАГРОЗЕНИ ОБЈЕКТИ Рано наутро е планирана акција со ер-трактор

Екипите на терен работат на локализирање на пожарот, а директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, ја следи ситуацијата од терен и е во постојана комуникација со теренските екипи. Утре наутро се планира интервенција и со воздушни средства, а авион-ер тракторот ќе биде ангажиран рано изутрина, информираат од ЦУК.

93

Центарот за управување со кризи вечерва информира дека пожарот кај село Церово се шири кон Карпалак и скопскиот регион, но оти засега нема загрозени населени места или објекти.

Екипите на терен работат на локализирање на пожарот, а директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, ја следи ситуацијата од терен и е во постојана комуникација со теренските екипи. Утре наутро се планира интервенција и со воздушни средства, а авион-ер тракторот ќе биде ангажиран рано изутрина, информираат од ЦУК.






Како што наведуваат од ЦУК, сите засегнати служби остануваат на терен и ја следат состојбата за брза и ефикасна реакција.

Пет активни пожари има вечерва на територијата на државата, три се ставени под контрола, а 19 се изгаснати.

Како што соопшти Центарот за управување со кризи, активни се пожарите во кај селото Церово, Општина Желино (ниска вегетација и мешана шума), во кај селото Оздолени, Општина Дебарца (ниска вегетација), во селото Добри дол во Општина Врапчиште (ниска вегетација и стрниште), кај селото Могила во Општина Могила (стрниште) и кај езерото во Прилеп (ниска вегетација).

Под контрола се ставени пожарите во Јасен, на планината Кожуф и кај селото Мерово во Општина Желино.

Изгаснати се 19 пожари и тоа во:

1.Општина Виница: место викано Панек (ниска вегетација);

2.Општина Конче: с.Дедино (ниска вегетација);

3.Општина Битола: ул.Димитар Тодоровски (ниска вегетација);

4.Општина Кратово: с.Соколица – мала Амбарци (ниска вегетација и нискостбелста шума);

5.Општина Штип: ул. Димо Хаџи Димов (ниска вегетација);

6.Општина Желино 1: с.Долно Лешница ( ниска вегетација);

7.Општина Желино 2 : с.Копачин Дол (ниска вегетација и мешана шума);

8.Општина Врапчиште 1: с.Топлица (мешана шума);

9.Општина Врапчиште 2: с. Добри дол (ниска вегетација);

10.Општина Гостивар: с.Чегране (депонија);

11.Општина Гази Баба: гробиштата во с.Стајковци (ниска вегетација);

12.Општина Бутел: с.Луботен ( ниска вегетација);

13.Општина Прилеп 1: Градските гробишта во Прилеп (ниска вегетација);

14.Општина Прилеп 2: с.Дабница (ниска вегетација);

15.Општина Центар Жупа: Центар Жупа (депонија);

16.Општина Охрид: с.Волино (ниска вегетација и стрниште);

17.Општина Струга 1: с.Корошишта (стрниште);

18.Општина Струга 2: с.Долно Белица (ниска вегетација);

19.Општина Струга 3: с.Корошишта (ниска вегетација и стрниште).

Поврзани содржини