📽️ ПОЖАРОТ КАЈ БЛАЦЕ ДЕЛУМНО ПОД КОНТРОЛА Полицискиот хеликоптер помогна да се заузда еден од двата активни краци

Пожарот е ставен под делумна контрола. За жал, имаме уште два активни краци. Едниот предмалку успеавме да го ставиме под контрола благодарение на полицискиот хеликоптер, изјави од терен директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов најавувајќи нови информации.

830

Пожарот кај скопско Блаце уште не е целосно под контрола, а активни се два краци на чие гаснење се работи, информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. Тој вели дека кај едниот крак е веќе спречено ширење на пламените јазици.

– Рано утрово по 5 часот почнавме со гасење на пожарот на отворен простор кој вчера попладне, 6 јули, изби кај патот на Блаце. Пожарот делумно зафати и шума. Скопската противпожарна бригада утрово започна со гаснење, како помош се придружија два полициски и 1 армиски хеликоптер, за првпат 1 пинсгавер на ДЗС и еден хермелин со поголема цистерна на ДЗС. Поголем број пожарникари се на терен. Пожарот е ставен под делумна контрола. За жал, имаме уште два активни краци. Едниот предмалку успеавме да го ставиме под контрола благодарение на полицискиот хеликоптер – изјави Ангелов.






 

Од Центарот за управување со кризи(ЦУК)  информираат дека утрово се активни 4 пожари. Покрај овој во Општина Чучер Сандево активни пожари има и кај прилепското село  Бешиште , потоа  во општина Македонски Брод: кај селото Црешнево и под Солунска глава во општина Чашка.

 

Поврзани содржини