📽️ ПОЖАРОТ КАЈ АРАЧИНОВО Е ПОДМЕТНАТ, БИЛ КОРИСТЕН ПАКУВАН СОНЧОГЛЕД Зафатена е поголема површина од депонијата

Скопските пожарникари ја затекнале вратата на депонијата отворена, во депонијата имало фрлена поголема количина на пакуван сончоглед кој горел со силен пламен но и други горливи производи. Најверојатно намерно запалениот сончоглед предизвикал опожарување на дел од депонијата, обзнани директорот на Дирекцијата за заштита и спасување велејќи дека аснењето ќе биде сложено бидејки обемот на зафатената површина е голем што го компликува гаснењето со вода или пена.

323

Вечерва е подметнат пожар во депонијата близу Арачиново покрај стариот пат кон Куманово, информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, доцна вечерва, 25 септември, објавувајќи снимка од терен.

– Оваа депонија има ограда и влезна врата. Скопските пожарникари ја затекнале вратата на депонијата отворена, во депонијата имало фрлена поголема количина на пакуван сончоглед кој горел со силен пламен но и други горливи производи. Најверојатно намерно запалениот сончоглед предизвикал опожарување на дел од депонијата – изјави Ангелов.






Тој обзнани дека поради насоката на струењето на воздухот смрдеата од пожарот во оваа депонија најверојатно се чувствува во делови од Скопје.

– Гаснењето ќе биде сложено бидејки обемот на зафатената површина е голем што го компликува гаснењето со вода или пена. Затоа се прави проценка на неопходноста од затрупување и на оваа депонија која е под надлежност на Општина Арачиново – додава Ангелов.

Поврзани содржини