📽️ ПОЖАРОТ ЈА ЗЕДЕ ПРВАТА ЖРТВА ВО ЦРНА ГОРА Војник загина додека возел цистерна, а друг е тешко повреден

Несреќата се случила кога цистерната за вода што ја возеле се превртела и се лизнала по стрмна падина покрај патот кон селото Купушќи во Кучa, јавува РТЦГ.

57

Помладиот водник Дејан Божовиќ (42) од Даниловград загина, а водникот Марко Иковиќ (43) се здоби со тешки повреди при гаснење пожар во областа Кучa, соопшти Министерството за одбрана на Црна Гора.

Несреќата се случила кога цистерната за вода што ја возеле се превртела и се лизнала по стрмна падина покрај патот кон селото Купушќи во Кучa, јавува РТЦГ.






Земјата веќе неколку дена се бори со пожари, кои се активни на повеќе локации, вклучувајќи ги Подгорица, Бар, Будва, Никшиќ и Шавник, а кај Буљарица се загрозени и куќи.

„Од сите пожари, ситуацијата е најсериозна на подрачјето на Подгорица, каде што гори кај неколку околни населени места. Тешко е да се каже колку активни пожари има во земјата“, изјави директорот на Управата за заштита и спасување Миодраг Бешовиќ.

Црна Гора побара помош од Европска Унија и НАТО, а во гаснењето учествува и хеликоптер од Србија.

📽📷 ПОДГОРИЦА ВО ОГНЕН ОБРАЧ, ПОЖАРИТЕ ГОЛТААТ СЀ ПРЕД СЕБЕ Откриена неверојатната причина за првиот пламен што ја фрли Црна Гора во хаос

📽️ ЦРНА ГОРА Е ВО ПЛАМЕН, ДРЖАВАТА БАРА ПОМОШ Пожари кај Бар, Чањ, Буљарица, Никшиќ, армијата е вклучена во гаснењето

Поврзани содржини