Пожарникарите спасуваат скопјанец качен на дрво (ВИДЕО)

Командирот Владимир Кочовски на Фејсбук објави видео од целата акција, а истакна дека на човекот му се слошило додека бил качен на дрвото и затоа не можел да се симне.

4,548

Скопската противпожарната бригада денеска имала успешна акција на симнување човек качен на дрво.

Командирот Владимир Кочовски на Фејсбук објави видео од целата акција, а истакна дека на човекот му се слошило додека бил качен на дрвото и затоа не можел да се симне.






„Човек се качил на дрво и му се слошило. првата дојава беше дека е мртов. Но, кога дојдовме, видовме дека дава знаци на живот. Успешна акција. Со многу импровизации, но време за чекање немаше. Му посакувам да биде добро“, напиша Кочовски на Фејсбук.

Погледнете го видеото:

Поврзани содржини